Прва правна победа на Синдикатот на култура на Република Македонија

Се усвојува првата добиена тужба од серијата од околу 800 судски постапки поднесени од вработените во културата за заштита на нивните права.

Со оваа пресуда, судот потврди дека културните работници биле оштетени со незаконито донесени решенија за плати и дека институциите се должни да ја почитуваат законската основа при пресметката на личните доходи.

Од Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ) велат дека оваа прва победа е јасен доказ за оправданоста и правната издржаност на нивната борба за достоинство во културниот сектор.

„И покрај нашите предупредувања за неправно изготвените решенија, Министерството за култура остана глуво, а резултатот го кажа судот со првата пресуда – во корист на вработените,“ велат од Синдикатот.

Со оваа одлука, како што додаваат, се поставува темелот за сите останати 799 постапки што следат.

СКРМ најавува дека борбата продолжува сѐ до целосно почитување на правата и достоинството на сите културни работници во државата.

Слични Објави