Бесплатни возења со вовчето „Мечо“ за учениците во Битола

По повод почетокот на новата учебна година, Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Битола“ организира бесплатни возења со популарниот „Мечо“ за сите деца.

Акцијата ќе се реализира на 11 септември и 25 септември, кога најмладите ќе имаат можност да уживаат во возењето и да поминат весели мигови.

Од претпријатието велат дека на овој начин сакаат да им посакаат успешна, среќна и исполнета учебна година на учениците и да внесат дополнителна радост во првите училишни денови.

Слични Објави