ЕДУКАТИВЕН НАСТАН ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И ЗАШТИТА ОД СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО
Денес во организација на Здружение Центар за развој и едукација Прилеп во соработка со Меѓуопштинскиот Центар за социјална работа Прилеп се одржа едукативно предавање за препознавање и пријавување на семејно насилство.
Здружението Центар за развој и едукација Прилеп моментално е лиценциран давател на услугата помош и нега во домот со опфат од над 210 корисници кои добиваат професионална помош и поддршка за независно живеење од страна на 58 негуватели на териториите на општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени.
На денешниот настан негувателите подетално се запознаа како да детектираат семејно насилство и кои следни чекори би требало да ги превземат се со цел да се превенира или да се овозможи спречување и заштита од семејно насилство. Во наредниот период здружението ќе продолжи со пристапот до социјална заштита за жителите на општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени.