| |

Што содржи годишниот план за еднакви можности?

Што содржи годишниот план за еднакви можности за мажите и жените во 2025 година во општина Кривогаштани?

Родовата еднаквост е основа на праведно општество и е предуслов за обезбедување на еднакви можности за сите без разлика на пол. Во локалните заедници, интеграцијата на родовата компонента во сите политики е клучна за создавање на средина каде жените и мажите можат да го остварат својот полн потенцијал. Остварувањето на овие цели започнува со развојот на капацитетите на човечките ресурси во локалната самоуправа и во комисијата за родова еднаквост.

Развој на капацитети и подигнување на свеста

Со организирање на едукативни работилници, обуки и семинари, може да се зајакнат капацитетите на човечките ресурси во општините и да се подигне свеста за важноста на родовата еднаквост. На овој начин ќе се обезбеди појасно разбирање за учеството на жените во политичкиот живот и нивната улога во носењето на одлуки кои влијаат на сите граѓани. Важно е да се работи на постојано унапредување на човековите права со акцент на родовата еднаквост и на подигнување на јавната свест за дискриминацијата врз основа на род.

Едукативните активности треба да бидат насочени кон промена на перцепциите за родовиот идентитет и намалување на стереотипите кои се формираат уште од рана возраст, најчесто во домашната средина. Преку овие активности ќе се стимулираат и промени во ставовите кои ја поддржуваат родовата дискриминација.

Активности за подигнување на свеста и превенција

За да се постигне ефективен напредок во имплементацијата на политиките за родова еднаквост, неопходно е да се организираат различни активности и кампањи кои ќе ги информираат граѓаните и ќе ја подигнат свеста за важни прашања како што се родовото насилство, родова дискриминација и заштита на здравјето.

Трибини и едукативни предавања се ефективни алатки за да се информираат граѓаните за препознавање и навремено пријавување на случаи на родово насилство и дискриминација. Особено важно е да се организираат обуки за превенција на врсничко насилство и сајбер-булинг кај младите, како и за подигнување на свеста за важноста на редовна здравствена заштита, со акцент на рано откривање на малигни заболувања како што се рак на грло на матка, рак на дојка и рак на простата.

Поддршка за земјоделците и економската еманципација

Во рамки на овој план, исто така, ќе се организираат обуки за земјоделците, мажи и жени, за искористување на мерките за финансиска поддршка и самовработување. Ова ќе придонесе за економска еманципација на жените и подобрување на нивната економска позиција во заедницата.

За успешна имплементација на политиките за родова еднаквост, неопходно е активно учество на сите клучни субјекти: Комисијата за еднакви можности, граѓанските организации, локалната самоуправа и образовните институции. Со заеднички напори и фокус на едукацијата, подигањето на свеста и економската поддршка, ќе се создаде општество во кое сите граѓани имаат еднакви можности за напредок и успешно учество во сите сфери на животот.

Целосната програма е на следниот линк https://krivogastani.gov.mk/wp-content/uploads/2025/01/%D0%9F%D0%9B%D0%90%D0%9D-%D0%97%D0%90-%D0%A0%D0%9E%D0%94%D0%9E%D0%92%D0%90-%D0%95%D0%94%D0%9D%D0%90%D0%9A%D0%92%D0%9E%D0%A1%D0%A2-2025.pdf

Слични Објави