Росониери триумфираа на Меморијалниот турнир „Сотир Мазар“ во Крушево – Од 13 до 17 август, спорт и сеќавање
Од 13-ти до 17-ти август 2025 година, на повеќенаменското игралиште на Гумење во Крушево, се одржа првото издание на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Сотир Мазар“ 2025. Настанот беше организиран во чест и сеќавање на Сотир Стојчески Мазар, кој ненадејно почина на 23 април годинава на 31-годишна возраст.
Екипата која го носеше дресот на омилениот тим на Сотир Мазар го освои турнирот во исклучително интересен натпревар со Дени-Кар од Големо Коњари. За ферплеј екипа е избрана најмладата – ФК Пластика, најдобар голман – Благојче Спасески од Јанески Транс, а најдобар стрелец Ѓорѓи Стрезоски од шампионите.







Се додели и награда за млад талент на Петар Ристески. Во дуелот за трето место подобри беа Јанески Транс во дуел со Вила Тео с. Селце, а наградите беа доделени од спонзорите, семејството и градоначалникот на општина Крушево.
Наградите ги доделија спонзорите, семејството на Сотир Мазар и градоначалникот на општина Крушево.
Сотир Стојчески Мазар беше голем љубител на фудбалот, интелигентен и верен пријател, кој остави траен впечаток кај своите другари и пошироката заедница. Со организацијата на турнирот, неговите блиски и пријатели сакаат да го одбележат неговиот лик и дело преку спортот што тој го сакал.
Главен покровител на турнирот беше Општина Крушево, а покровители беа хотел Панорама & Спа, Иннен Декор и Тагас Балкан. Поддржувачи на настанот беа Еурофарм аптеки, Макстил и Кола.
Првото издание на Меморијалниот турнир доби многу позитивни коментари, а публиката во голем број ги следеше финалните натпревари и целиот турнир.


