|

Лажна дојава за бомба на скопскиот аеродром – мобилизирани антитерористички единици, летовите се одвиваат редовно

Лажна е дојавата за поставена бомба на „Меѓународниот аеродром Скопје“, соопшти Министерството за внатрешни работи. Аеродромот утринава околу 6 часот продолжи со редовна работа.

Според МВР, во 02:41 часот по полноќ, во саботата (16 август), на бројот 112 било пријавено дека во авион кој требало да полета за Турција има експлозивна направа. Веднаш биле активирани сите протоколи, а на терен интервенирала антитерористичката единица.

Од „ТАВ Македонија“ потврдија дека се работи за лажна дојава, додавајќи дека сообраќајот бил привремено запрен додека траела полициската проверка.

„Нема откажани летови на скопскиот аеродром, но сообраќајот беше прекинат до 6:00 часот, сѐ додека МВР не потврди дека условите се безбедни за продолжување на редовните операции“, соопштија од аеродромот.

Слични Објави