| |

Повик до младите во Крушево

Локалното собрание на млади на општина Крушево го објави повикот за кандидирање членови во новиот Локален младински совет. Право на пријавување имаат жители на општината на возраст од 15 до 29 години со искуство во волонтирање и работа со млади.

За кандидатура е потребно да се достават пополнета пријава, изјава за согласност за користење на лични податоци и кратка биографија. Рокот за доставување на документите е до 25 август.

Целосниот повик, како и потребните образци, се достапни на официјалната веб-страница на општина Крушево: krusevo.gov.mk.

Слични Објави