Презакажана 65. седница на Советот на Општина Прилеп
Прилеп, 7 август 2025 – Советот на Општина Прилеп ја презакажа денешната 65. седница, која наместо во претходно предвидениот термин, ќе се одржи денеска во 13:00 часот, во големата сала на новата општинска зграда.
Седницата ќе се одржи согласно следниот предлог-дневен ред, кој ќе биде објавен на официјалната веб-страница на Општина Прилеп и доставен до членовите на Советот.
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Предлог-Измена и дополнување на Буџет на Општина Прилеп за 2025 година.
- Предлог-План за измена и дополнување на Планoт на развојни програми на Општина Прилеп за 2025-2027 година.
- Предлог-Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Прилеп, за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2025 година до 30.06.2025 година.
- Предлог-Одлука за давање на трајно користење движни ствари (прочистувачи на воздух) на основните и средните општински училишта и градинките во општина Прилеп.
- Предлог-Одлука за давање согласност за преместување на спомен обележје.
- Предлог-Одлука за усвојување на Извештајот за превземените мерки и активност за првото полугодие од 2025 година, за подрачјето на ОВР Прилеп.
- Предлог-Одлука за давање согласност на тримесечниот извештај за финансиското работење на ЈОУ Дом за стари лица ,,Киро Крстески-Платник’’-Прилеп, за период од 01.04.2025 година до 30.06.2025 година.
- Предлог-Одлука за усвојување на Годишен Извештај за работа на ООУ „Страшо Пинџур“- с.Мало Коњари, Прилеп, за учебната 2024/2025 година.
- Предлог- Одлука за усвојување на Годишна Програма за работа на ООУ „Страшо Пинџур“-с. Мало Коњари, Прилеп, за учебната 2025/2026 година.
- Предлог-Одлука за усвојување на Годишен Извештај за работа на ООУ „Круме Волнароски“- с.Тополчани, Прилеп, за учебната 2024/2025 година.
- Предлог-Одлука за усвојување на Годишна Програма за работа на ООУ „Круме Волнароски“-с. Тополчани, Прилеп, за учебната 2025/2026 година.
- Предлог-Програма за измена и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Прилеп за 2025 година.
- Предлог-Локален План за енергија и клима, општина Прилеп за период 2023-2027.
- Предлог-Заклучок за усвојување на Збирен извештај за проценетата штета во населените места Кадино село, Мало Коњари, Големо Коњари, Галичани и Алинци во oпштина Прилеп, од невремето на ден 27.06.2025 година.
- Предлог-Решение за предлог на член во УО во ЈУМЦСР Прилеп.
Дополнителни точки:
- Предлог -Одлука за давање согласност на тримесечниот извештај за финансиското работење на ЈКП Пазари-Прилеп, за период од 01.04.2025 година до 30.06.2025 година.
- Предлог-Одлука за кофинансирање на проект за ‘’Уредување на сала за музички проби за млади таленти’’
- Предлог – Заклучок за давање позитивно мислење по однос на Програмата „за младите се работи: време е за структурна поддршка на нивната иднина“
- Предлог -Одлука за бесплатен градски превоз на 18 септември 2025 година (четврток) во рамки на одбележувањето на неделата на урбана мобилност



