| |

30 работни места во Прилеп за заштита и превенција од пожари – месечен надомест 24.000 денари

Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија – Центар за вработување Прилеп, објави јавен повик за работно ангажирање на 30 невработени лица за спроведување на активности за заштита и превенција од пожари и оплеменување на животната средина на локално ниво, во рамки на мерката 6.2 од Оперативниот план за 2025 година.



Оваа мерка, која е поддржана од Владата, има за цел да го зголеми вработувањето преку краткорочно ангажирање на лица кои ќе учествуваат во активности од јавен интерес, особено во заштита на шумите, пошумување, чистење и одржување на животната средина.

Работниот ангажман ќе трае најмногу до 5 месеци, со месечен надомест од 24.000 денари, кој вклучува осигурување за повреда на работа, професионална болест и данок на личен доход. Средствата се обезбедени од буџетот на Агенцијата за вработување.

Право на учество имаат сите лица:

  • евидентирани како активни баратели на работа во АВРСМ,
  • на возраст до 55 години,
  • со општа здравствена и психофизичка способност,
  • кои не боледуваат од кардиоваскуларни заболувања, епилепсија, дијабет или белодробни болести.

Заинтересираните кандидати се должни да поднесат:

  • пријава за учество (се пополнува во Центарот за вработување),
  • потврда од матичен лекар за здравствена способност,
  • изјава за согласност за учество во мерката.

Избраните кандидати ќе бидат обврзани да посетат обука организирана од Противпожарниот сојуз на Македонија, каде ќе се стекнат со вештини за користење на опрема и справување со пожари. По успешно завршување, учесниците ќе добијат потврда за стекнати знаења.

Изборот на кандидати за учество во активната мерка ќе го спроведе во општината во соработка со ДЗС и Противпожарен сојуз на Македонија, по што со избраните кандидати ќе се склучи Договор за учество во активната мерка со кој подетално ќе се уредат правата и обврските за учество во активната мерка (помеѓу АВРСМ, општината, ДЗС и невработеното лице).

Сите заинтересирани можат да се пријават од 10 до 17 јули 2025 година, секој работен ден од 08:00 до 15:00 часот, во Центарот за вработување во Прилеп.

Јавниот повик од општина Прилеп

Слични Објави