|

Асфалтиран патот до манастирот „Света Петка“ во Мусинци

Во пресрет на верскиот празник посветен на Света Петка, жителите на село Мусинци добија нова, асфалтирана улица која води до истоимениот манастир. Завршено е асфалтирање на патот во должина од 1.500 метри, со што се обезбедува уреден и безбеден пристап до ова духовно и културно значајно место.

Според општината, активноста е дел од планираните вложувања во унапредување на локалната патна инфраструктура.

„Oбезбедуваме подобри услови за пристап до манастирот, особено во деновите кога голем број верници доаѓаат на поклонение,“ велат од општината.

Оваа активност е дел од пошироката програма за унапредување на локалната патна мрежа и подобрување на инфраструктурата во руралните средини.

Слични Објави