„Педали и приказни“ низ прилепските улици
Форумот за Авангардна Креативност – Прилеп (ФАК), во партнерство со NGO Go Green, го реализира проектот „Педали и приказни“, со поддршка од фондацијата HEARTEFACT. Проектот се спроведува во соработка со Општина Прилеп, НУЦК „Марко Цепенков“, СОУ „Ристе Ристески – Ричко“, СОУ „Ѓорче Петров“ и CLS Equipment.
Проектот има за цел да го активира јавниот простор во Прилеп како место за култура, слободен израз и граѓанска интеракција. Во услови кога културните содржини најчесто се ограничени на институционални простори, „Педали и приказни“ отвора нови можности за вклучување на младите уметници и пошироката заедница, особено оние кои остануваат надвор од формалните културни текови.
Истовремено, иницијативата го промовира користењето велосипед како дел од одржливиот урбан живот, поттикнувајќи поголема поврзаност меѓу граѓаните, градот и природата.
Активностите се одвиваат на плоштадот во центарот на Прилеп и низ градските улици, додека учениците од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“, заедно со своите ментори, работат на изработка на мурал кој ќе биде јавно презентиран во финалната епизода на проектот.
Во рамки на третата епизода, граѓаните ќе имаат можност активно да учествуваат во следната програма:
- 17:00 – 19:30 | DJ PETE
- 18:00 | „Критична маса“ – организирано велосипедско возење низ прилепските улици
- 19:30 | Проекција на еко-филмови:
„P 3“ (13 минути)
„Home Sweet Home“ (14 минути)
Проектот „Педали и приказни“ претставува обид за редефинирање на јавниот простор како отворена сцена за култура, дијалог и граѓанско учество.


