Отворен Саемот на книги „Светот во страници“

Во рамките на Битфест 2025, под мотото „Светот во страници“, на платото пред Народниот театар во Битола беше отворен саемот на книги. Настанот има за цел да го доближи пишаниот збор до читателите од сите возрасти – од најмладите, до љубителите на стручна, научна и белетристичка литература.

На саемот учествуваат седум издавачки куќи и институции: „Бата прес“, „Антолог“, „Прозарт медиа“, „Топер“, „Матица македонска“, „Збор“ и Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола, која е и коорганизатор на настанот.

Градоначалникот Тони Коњановски, на свеченото отворање, ја истакна важноста на пишаниот збор како патување кон себе, знаењето и иднината.

– Патувањето низ страниците е патување кон себе си, кон надежта и визијата за иднината. Книгата е нашата најмоќна врска со минатото, сегашноста и она што следува. Особено е важно да ја поттикнеме љубопитноста кај најмладите – истакна Коњановски, додавајќи дека и Спајдермен чита книги.

Присутните ги поздрави и директорката на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, Емилија Стефановска Давкова.

Саемот ќе биде отворен до 1 август, а посетителите ќе можат да изберат дела од богатиот литературен избор по саемски, поповолни цени.

Слични Објави