The Doctors со трибјут за НОКАУТ на Камената бина во Прилеп
Утре, 31 јули (четврток), со почеток во 21:00 часот, прилепската публика ќе има можност да ужива во трибјут посветен на легендарниот македонски бенд Нокаут, изведен од прилепскиот состав The Doctors. Местото за овие трибјути е веќе добро познато, плоштад „Александрија“ или како што младите велат „Кај камената бина“, во рамки на проектот „Од 0 до Култура 2025“.
Бендот The Doctors, формиран кон крајот на 2022 година, веќе е препознатлив по репертоарот составен од рок и поп-рок хитови. Фронтменот Сергеј Попоски, Ѓорѓи Петкоски (бекинг вокал и бас гитара), Вилијам Спиркоски (тапани), Филип Сотиров (ритам гитара) и Марко Стојаноски (соло гитара), настапува веќе трета година во овој тријут проект.
Овој четврток, бендот ќе им оддаде чест на Нокаут, еден од највлијателните македонски бендови, чиј звук и текстови оставија траен белег врз современата македонска музика.



