ЦУК: Моментално 9 пожари на отворено, 6 активни од кои 2 под контрола

До 12 часот се евидентирани вкупно девет пожари на отворен простор, од кои шест се активни, два се под контрола и еден пожар е изгаснат.

Изгаснат е пожарот во:

1.Општина Желино – с. Групчин (мешана шума)

Активни се пожарите во:

1.Општина Василево – с. Нивичино (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација)

2.Општина Македонски Брод – с. Грешница (мешана шума и сува трева)

3.Општина Македонски Брод – помеѓу с. Црешнево, с. Локвица и с. Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација)

4.Општина Прилеп – помеѓу с. Царевиќ, с. Смолани и с. Радобил, место викано Радобилски Рид (мешана шума и нискостеблеста вегетација)

5.Општина Ресен – с. Волкодери кон место викано Сирхан (трски и сува трева)

6.Општина Желино – с. Церово (нискостеблеста деградирана шума)

Под контрола се пожарите во:

1.Општина Дојран – с. Николиќ (мешана шума)

2.Општина Велес – кај с. Џидимирци, Крушје и Иванковци (мешана нискостеблеста деградирана шума)

Слични Објави