|

Жешко време низ земјава – температури до 40 степени

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), земјава ја очекува стабилен топлотен бран. Од четврток, па за време на викендот, температурите насекаде ќе бидат над 30 степени, а локално и до 40 Целзиусови.

Денеска времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен, повремено засилен северен ветер. Утринските температури се движат од 11 до 22 степени, а дневните од 29 до 38.

Во Скопје се очекува слично време – сончево, со засилен северен ветер и дневна температура до 38 степени.

Според УХМР, тропскиот бран ќе продолжи и во наредните денови, со стабилно и се потопло време низ целата држава.

Слични Објави