|

Заврши откупот на тутун – Од 1 март нови договори

Заврши откупот на ланската реколта тутун. Откупени се над 26 милиони килограми тутун по просечна цена од 418 денари за килограм, при што најголемиот дел од количините се преземени во прва класа и без одбитоци.



Од 1 март започнува склучувањето на новите договори за годинашното производство.

Во тек се активности околу дефинирањето на новите откупни цени, при што производителите бараат тие да бидат повисоки и усогласени со зголемените трошоци и инфлацијата.

Истовремено, се најавува дека субвенционирањето ќе продолжи како и досега – по килограм предаден тутун и по пријавена површина. Апелирано е производителите навремено да ги евидентираат парцелите во ЕРЗ-системот за да ги остварат правата на субвенции.

Во завршна фаза е и подготовката на новиот Закон за тутун, со кој се предвидуваат измени во делот на креирањето на откупните цени и унапредување на односите меѓу производителите и откупувачите.

Слични Објави