ЦУК – Пожарот во Општина Новаци сè уште е активен, се слуша пукање од муниција
Пожарот што избувна на 28 јуни 2025 година, околу 16:23 часот во атарот на селото Бешиште, Општина Новаци, сè уште е активен и се шири на непристапен терен во близина на државната граница со Грција – соопштува Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) – Битола.
Од ЦУК известуваат дека пожарот кој што започна во 16:23 часот на ден 28.06.2025 година во атарот на с.Бешиште, во близина на границата со Република Грција е активен.
Според последните информации добиени од ЈП НШ „Црн Бор“ – Прилеп, пожарот е приземен во уредена шума со бор, даб и бука. Пожарот е поделен на два краци и тоа: Првиот крак е према кај м.в.Уров во атарот на с.Бешиште и Вториот крак е према с.Градешница (Општина Новаци).
Пожарот е на многу непристапен терен за гаснење и дополнителна потешкотија за гаснењето претставува постојаните детонации од заостанати гранати (НУС) од предходните војни. Во моментов на лице место има 4 вработени од ЈП НШ со 1 возило
Дополнителни информации се очекуваат во текот на денот, по завршувањето на новата проценка на состојбата.



