| |

БИТ ФЕСТ 2025 започнува вечерва со концерт на „Леб и сол“ во Хераклеа

Вечерва во Битола се отвора 17-тото издание на БИТ ФЕСТ, дел од програмата на Битолското културно лето. Настанот ќе се одржи на археолошкиот локалитет Хераклеја со почеток во 20:30 часот.

Концертот ќе го отвори македонската група „Леб и сол“, која ќе ја одбележи својата 50-годишна музичка кариера. Настапот е дел од официјалната програма на фестивалот.

Билетите за настанот се продаваат по цена од 400 денари и можат да се набават на билетарата кај Офицерски дом во Битола, како и на самото место на настанот.

БИТ ФЕСТ е редовен дел од културната програма на Битола и се организира со цел промоција на музиката и уметноста.

Официјалната програма на БИТ ФЕСТ ќе трае од 26 јуни до 31 август, но културната понуда на Битола, како прет и постпрограма е застапена за време на целиот период од календарското траење на летото и истата е исполнета со содржини од различни културни жанрови, поддржани од Општина Битола и Министерството за култура и туризам.

Пред официјалниот старт вечерва, публиката имаше можност да ужива во Празникот на музиката „Солстис“, да биде со програмските содржини на Интернационалниот младински арт фестивал „Битола отворен град“, кој трае до 28 јуни, а од синоќа вљубениците во пишаниот збор имаат можност да го проследат саемот на книга „Критична маса“ кој се одржува на малото плато пред Офицерски дом од 09:00 до 23:00 часот и ќе трае до 28 јуни.

Слични Објави