За КОПНЕЖОТ, љубовта и зборот
Првенче од магичниот свет на младата поетеса, писателка, полиглот, едукатор на деца и професорка по англиски јазик Марија Кулеска.
На 15 Април во кино „Мис Стон“ при НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп, се одржа промоцијата на првата поетска книга на Марија Кулеска.

Сузана Николоска – Професорка по македонски јазик, промотор на книгата: Стихови што ќе ве воведат во царството на поезијата каде зборот царува и чувствата се сочни и богати и ќе почувствувавате со сите ваши сетила и вашата душа ќе биде насите, а во исто време ќе ви отвори ште поголем апетит.

Овие стихови се конзумираат во мала количина и бавно како медот. Така ќе ве допрат и ќе ви ги надразнат сите сетила. – Претставникот од издавачката куќа „Збор“.
Да ја почувствуваме првата лажичка од „медената кошнишка“ „За КОПНЕЖОТ, љубовта и зборот“ се погрижи поетот Филип Димкоски преку убаво дозирана емотивна рецитација.
Преубавата поезија е засолнета во суптилно дизајнираната корица, во црно-бел минимализам на младиот Христијан Анастасов
Комплетно поетско дело кое со корицата го привлекува окото, а содржината ја храни душата.
Во 2020 година, Марија го издава својот прв роман „Холограм од емоции“