Денес се започна со чистење на река Шемница
Во соработка помеѓу Општина Могила и АД Водостопанство на Р.М. подружница Битолско Поле- Битола се започна со чистење на река Шемница од страна на Водостопанство Битолско – поле на ден 12.05.2025 г. – согласно програмата за работа на претпријатието. Досега е исчистена делница во должина од 1000 метри, чистењето се одвива од жечезничкиот мост на пругата Битола- Прилеп кон село Могила со вадење на нискостеблеста и високостеблеста вегетација, како и отстранување на трска и шамак по дното на реката и оформување на косините. И во наредниот период ќе се продолжи со чистење се до комплетно завршување на предвидената делница за чистење на река Шемница.


