20 Мај – Денот на пожарникарството во Македонија!

20 Мај, ден на пожарникарството во Македонија, одбележан и во ТППЕ Прилеп.

На гости кај пожарникарите беа ученици од ООУ„Кочо Рацин“, кои учеа за оваа професија од искусните пожарникари, а потоа изведоја пригодна приредба, како благодарност за хероите кои не чуваат кога е најтешко. На крај им врачија и благодарница во форма на капка вода.

Претставници од Општина Прилеп исто така беа на настанот и се разговараше за потребите на единицата, за подобро да можат да им служат на граѓаните, при што се потпшиша договор за набавка на ново противпожарно возило. Набвката во вредност од 8.5 милиони денари ќе се реализира преку Министерството за локална самоуправа. а Општина Прилеп ќе обезбеди 3.5 милиони евра.

Среќен Ден на пожарникарството! Ви посакуваме добро здравје, безбедни интервенции и – што е најважно – што помалку потреба од нив – им посака градоначалникот Борче Јовчески

Слични Објави