|

Нови можности за соработка – Потпишан меморандум помеѓу Крушево и Колашин

Во Крушево на 07.02.2025 година, беше потпишан Меморандум за соработка меѓу Општина Крушево и Општина Колашин. Целта на овој меморандум е да се зајакне соработката помеѓу двете општини, со акцент на промовирање на пријателството и размена на искуства во повеќе области како што се локалната самоуправа, културата, туризмот, образованието и други области од заеднички интерес.

Меморандумот го потпишаа Томе Христоски, градоначалник на Општина Крушево и претседателот на Општина Колашин г-дин Петко Бакиќ.

На потпишувањето на Меморандумот присуствуваа и Зоран Миљаниќ – Амбасадор на Република Црна Гора во Република Северна Македонија, Велимир Сљиванчанин – советник во Амбасадата на Република Црна Гора во Република Северна Македонија, Миодраг Булатович – заменик претседател на Советот на Општина Колашин и Милорад Адријашевич – Почесен конзул на Република Северна Македонија во Битола.

Овој меморандум отвара нови можности за зајакнување на соработката и заеднички проекти, кои ќе бидат од корист за жителите на двете општини

Слични Објави