| |

Green Up Yourself: Иновативна платформа за претприемништво и вработливост на младите во руралните средини

За младите кои сакаат активно да придонесат во зелената транзиција и да се охрабрат во нивните претприемачки потфати, ЛАГ АГРО ЛИДЕР во партнерство со организации од Шпанија, Италија, Кипар, Словенија и Грција ја создадоа иновативната плаформа GREEN UP YOURSELF со поддршка на Еразмус+ Програмата на Европската Унија.

Платформата нуди можност за е-курс за учесниците кој опфаќа запознавање со зелените работни места и зеленото претприемништво и дава насоки за планирање на “зелен” бизнис, а воедно овозможува и поврзување со ментори – кои се дел од зеленото претприемништво.

Од октомври до месец декември во соработка со СОУ “Орде Чопела” Прилеп и Универзитетот на Југоисточна Европа, Тетово беа спроведени работилници на кои учество зедоа над 70 млади лица кои преку програмата на GREEN UP YOURSELF се запознаа со зеленото претприемништво и ги зајакнаа своите зелени и претприемачки вештини.

Дигиталната платформа е достапна за сите заинтересирани кои сакат повеќе да се запознаат со зеленото претприемништво и зелените работни места, а воедно и за наставници/едукатори/младински работници кои сакаат да воведат новини во нивната секојдневна работа со младите.

Започнете со вашето истражување на зеленото претприемништво на www.greenupyourself.eu

Слични Објави