Повик за бојкот – од денес до недела бојкот на Тинекс и Веро, в петок на сите маркети!!!
На социјалните мрежи се споделува повик за бојкот на маркетите „Тинекс“ и „Веро“, кој би траел од денеска до недела, а во петок да се бојкотираат сите маркети. Овој повик доаѓа поради незадоволството на граѓаните од високите цени на производите.
Претходно, на 31 јануари 2025 година, се одржа првиот обид за бојкот на ланците на маркети во земјава. Според Управата за јавни приходи (УЈП), во осумте поголеми синџири на маркети е забележан пад на вкупниот промет за 46,59% во споредба со претходниот петок.
Слични иницијативи се забележани и во соседните земји, каде што граѓаните организираат бојкоти за да извршат притисок врз трговските ланци за намалување на цените.
Останува да се види дали овие акции ќе доведат до посакуваните промени во цените на производите и однесувањето на трговските ланци.



