Известување!!! За манифестацијата во Крушево на 1 и 2 август да се користат патните правци Прилеп – Битола и Кичево
Поради изведување на градежни работи за санација на регионалниот пат Р-1306, делница: Прилеп – Крушево, истиот е затворен за сообраќај во делот од село Горно Коњари до село Кривогаштани, информираат од Министерството за внатрешни работи.
За доаѓање на манифестација во Крушево на ден 01 и 02.08.2024 година треба да се користат патните правци:
Прилеп – Битола – по регионален пат Р1305 до Демир Хисар кон Крушево, и Кичево по регионален пат Р1305 до клучка Сладуево (Демир Хисар) по регионален пат Р1306 до Крушево.