9 мај – Ден на победата над фашизмот и Ден на Европа

9 мај – Ден на победата над фашизмот и Ден на Европа. Смрт на фашизмот – слобода на народот

Денес на светско ниво се одбележува Денот на победата над фашизмот. Со ратификувањето на безусловна капитулација на нацистичка Германија, на 9 мај 1945 година во Берлин беше ставен крај на Втората светска војна.

Денот на Европа е воспоставен како ден на сеќавање на Декларацијата на францускиот министер за надворешни работи Роберт Шуман во 1950 година, што се смета за прв важен чекор во настанувањето на ЕУ. 

Слични Објави