Регионален натрпревар на ЦК – ООЦК Центар 1. место
Во Прилеп денес се одржа Регионалниот натпревар по прва помош (Регион 1), во организација на Црвен крст на Република Северна Македонија. Настанот уште еднаш ја потврди важноста на хуманоста, солидарноста и подготвеноста да се помогне во моменти кога тоа е најпотребно.
На повеќе пунктови низ градот, натпреварувачките екипи ги демонстрираа своите знаења и вештини за укажување прва помош, при што беа оценувани од судии и поддржани од волонтери и организатори.
Натпреварот помина во духот на пријателство, поддршка и хуманост, а сите учесници покажаа извонредна посветеност и знаење. Особено внимание привлече учеството на младите, кои преку практичните симулации покажаа високо ниво на подготвеност, одговорност и хуманост.
🏆 Победници на натпреварот:
🥇 1 место – ООЦК Центар
🥈 2 место – ООЦК Кичево
🥉 3 место – ООЦК Виница
4️⃣ место – ООЦК Прилеп
5️⃣ место – ООЦК Гази Баба
Од Црвен крст на Република Северна Македонија упатија благодарност до сите натпреварувачи, волонтери и судии за вложениот труд и успешната реализација на настанот.


