200 дечиња возејќи тротинети испратија убава порака – да го зачуваме воздухот чист
Општина Прилеп се приклучи кон Меѓународниот ден без автомобили со органзирање на настан „Малите тркала за голема промена“ кој се оджа денес во центарот на градот. Оваа година, најмладите беа во фокусот, дечињата возеа тротинети низ центарот на градот, симболично придонесувајќи кон поеколошка иднина.
Повеќе од 200 дечиња возејќи тротинет, денес го одбележаа 22 септември, Меѓународниот ден без автомобили!
Овој настан испраќа многу убава порака – да го зачуваме воздухот чист, да се грижиме за животната средина и да практикуваме еколошки транспорт колку што можеме повеќе!
„Им благодарам на сите дечиња кои денес учествуваа на настанот, но и на родителите кои издвоија дел од своето време да ги донесат своите најмили!“ – изјави градоначалникот на Прилеп Борче Јовчески