| |

20. Септември – Светски ден за подигнување на свесноста за растот кај децата

Денес се одбележува Светскиот ден за подигнување на свесноста за растот кај децата, кој има за цел да укаже на важноста од навремено откривање и лекување на нарушувањата во растот за да се обезбеди правилен развој и здравје на најмладите.



Во земјава се лекуваат околу 160 деца со хормон за раст, но голем дел од децата ја започнуваат терапијата доцна, поради задоцнето препраќање кај специјалист педијатар ендокринолог. Најчесто загриженоста за висината се појавува кога децата се веќе во повисоки одделенија, кога растот е при крај или завршен и можноста за лекување е ограничена.

Денеска пред Порта Македонија се одбележува Светскиот ден за подигнување на свесноста за растот кај децата, под мотото „Зборувај гласно“. Настанот кој е во организација на, Здружението на родители на деца со ендокринолошки заболувања „РАСТ“, има цел да укаже на важноста од навремено откривање на нарушувањата во растот и навремено започнување со соодветна терапија.

Слични Објави