Кривична пријава против градоначалник – го оштетил буџетот за скоро 4 милиони денари

Одделението за внатрешни работи Кичево поднесе кривична пријава против градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари, поради сомневање за злоупотреба на службена положба и овластување. Според Министерството за внатрешни работи, во периодот од 2017 до 2024 година, Дехари склучувал договори со адвокати за застапување на општината, иако во рамките на општина Кичево постои Сектор за правни работи со вкупно 37 вработени, кои имаат право да ја застапуваат општината пред судовите во државата. 



„ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Д.(51) од кичевското село Србица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.

На тој начин пријавениот ја искористил својата службена положба, постапил спротивно на одредбите од Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси, на Законот за локална самоуправа, на Законот за јавни набавки, ги прекршил одредбите од Законот за парнична постапка. Правилникот за систематизацијата на работните места. Според пријавата, со ваквото постапување е предизвикана директна штета на општинскиот буџет во износ од 3.938.420 денари (околу 64.000 евра).

Слични Објави