ЗОШТО ТЕ (ВЕ) НЕМА?
Прашање кое го поставува секој, а нема одговор ниту една жена, ниту една ќерка, ниту еден брат, ниту еден родител.
Напишани безброј написи, изградени споменици, поставени спомен плочи, снимени докуменрни филмови и безброј дебати, а одговор нема. Одговор нема затоа што едноставно не постои. Не може да постои одговор на прашањето „Зошто те нема?“, исто како што не може да постои одговор на прашањето „Како си спремен да пукаш во некој што не го познаваш… некој кој не ти згрешил ништо…некој кој исто ги нема одговорите на овие прашања?“
На 8 август 2001 година, Прилеп на најсуров начин ја осозна бесмисленоста на војната. Скоро цела година гинеа заблудени луѓе во униформи. Од едната страна во официјалните државни, од другата страна во униформи со некаков неформален „паравоен“ амблем. Едните заблудени дека ќе освојат нешто, ќе добијат нешто повеќе, а другите дека бранат нешто. Единствено нешто што едните добија, беа зголемен број на гробови, а другите само го одбранија естаблишментот кој заедно со „генералите“ на првите веќе 23 години владеат.
Македонија 2024 е пола отселена, загадена, бетонирана, со изгорени и исечени шуми и младина која преку 80% не ја гледа иднината тука.
И јас прашувам, ЗОШТО ГИ НЕМА?
Милан Секулоски