„Зимска приказна“ – Вечерва „Баркод“, „Љубојна“ и „Калабалак“, утре „Ноќ на нови почетоци“
Битола е во знакот на празничната магија со настанот „Зимска приказна“, кој продолжува со богата програма. Денес и утре, граѓаните и посетителите ќе можат да уживаат во музика, забава и празнична атмосфера на Платото пред Офицерскиот дом.
Програмата на „Зимска приказна“, денес продолжува со дневна програма во Старата битолска чаршија и кај Офицерскиот дом. За вечерната програма резервирано е Платото пред Офицерскиот дом, каде од 19:00 часот до 20:30 ќе настапат „Баркод“ и Николче Зацески, а од 20:30 до 22:30 публиката ќе се забавува со „Ljubojna Brass Fantasy 2“ на нашата позната македонска музичка група „Љубојна“. Во 22:30, музичкиот дел ќе продолжи со забава со групата „Калабалак“.
Утре, покрај дневната програма која ќе трае до 15:30 часот, вечерната програма за Дочек на Новата 2025, започнува на Платото пред Офицерскиот дом во 20:00 часот со настап на Борче Наумовски – Министерот, по што ќе следува рок бендот „Б-52“.
Од 22:00 часот започнува настанот наречен „Ноќ на нови почетоци“ со кој Битола, ќе ја заокружи 2024 и ќе ја започне 2025 година. Дел од овој настан се музичката група „Фонтана, Дувачкиот оркестар „Блезери“ и изведувачите Андријана Јаневска, Зуица Лазова, Сузана Спасовска и Димитар Андоновски.
Не пропуштајте ја незаборавната забава во Битола на „Зимска приказна“. порачуваат од општина Битола
Сите програмски содржини во деновите до 06 јануари може да ги видите во програмата на линковите bitola.gov.mk и https://www.zimskaprikazna.mk/.