Интервју со Дејан Проданоски – улогата на советот во општината
АГТИС ги разгледува најактуелните прашања кои ги интересираат граѓаните во општина Прилеп.
Едно од прашањата со кои го започнавме разговорот со г. Проданоски е дали општината може да се задолжи без дозвола на централните власти.
- Претседателот на советот на општина Прилеп Дејан Проданоски објаснува дека општината може да се задолжи, но со следење на законските процедури. Во програмите имаме зацртано проекти кои им ги ветивме на граѓаните и се од големо значење за населението, а воедно и за работата на општината што е насочена кон поголема транспарентност. Но за жал од друга страна, централните власти не и обезбедуваат доволно средства на општината за предвидените проекти, па затоа моравме да ја превземеме ова мерка за задолжување со обрврзница.
Го прашуваме Проданоски што мисли за системот на аплицирање со проекти преку Центрите за развој на планскиот регион – до БРР, кое, сепак ништо не решава? Дали сте задоволни од системот на аплицирање и одобрување проекти, како и од улогата на ЦРППР ?
- Секоја од 9те општини кои партиципираат во пелагонискиот плански регион одвојуваат одредена сума според одредени критериуми кои се одлеваат во фондот од ЦРППР. Следна фаза е се определуваат приоритетни проекти кои треба да се изработат во општините со кои се што аплицира и се чека да се доби зелено светло да се реализираат со финансиска поддршка од таа партиципација. Во новиот мандат во ЦРППР за претседател избран е Борче Јовчески градоначалник на општина Прилеп.
Друго прашање кое го поставивме е што е суштински ново во програмите 2023 – 2025 година? Дали ќе има нови принципи на работа? Што е тоа што оваа програма ја оддвојува од сите други претходни?
- Во програмите ќе имаат нови принципи на работа, а една од новините кои би ја истакнал е тоа што е воведен правилникот за распределба на средства за спортските клубови, здруженија на граѓани и фондации .
Последното прашање се однесува на дигитализацијата. Се вели дека „дигитализацијата“ треба да ја измени администрацијата“. Дали ви се чини дека одиме во вистински правец и администрацијата ја приспособува дигитализацијата на своите навики и интереси?
- Во врска со дигитализацијата, како Совет на општина Прилеп ќе бидеме подржувачи на овие процеси со цел подобри услови за граѓаните, а општина да биде потранспарентна.