Костоски: Спортските сали во Прилеп, споменици на пропаста

Нерешени имотно-правни прашања, договори, концесии, закуп, подзакуп. На сите можни начини државниот имот беше девалвиран, уништуван, разграбуван, соголуван. Универзалната сала и салата „Македонија“ не се само запуштени објекти. Тие се споменици на пропаста, на негрижата, на апатичниот однос кон младите воопшто. Жално е да се каже, но не постои веќе можност, ни начин да се поправат штетите. Изгубени се генерации и генерации на млади луѓе, спортисти, ентузијасти.

Луѓе кои соништа градеа во прав и мувла, кои се откажаа или си заминаа. А сега, откако дојде редот да се средуваат — пак договори, пак концесии, пак си го делат, не за младите, не за спортот, туку за себе. Ова не е обнова, ова е доцнење пораз.

Слични Објави