„Долни Сарај“ во рацете на прилепчанецот Сергеј Попоски
На овогодинешниот „Охрид Фест“ наградата „Долни Сарај“ ја освои прилепчанецот Сергеј Попоски, кој настапи со песната „Нема никогаш пак“ Сергеј на сцената беше придружуван од членовите на наговиот бенд The Doctors.
Интернационалниот музички фестивал „Охрид Фест – Охридски трубадури„ спаѓа во редот на најстарите во земјава, оваа година се одржа по 31 пат, спакуван во две фестивалски вечери фолк и интернационална – забавна/поп вечер, фестивалот понуди две различни изданија.
Награда за најдобра аудио-продукција доби студио „Тра ла ла“, најдобар дебитант е Илија Јовчев, наградадата за најдобар аранжман ја доби Роберт Пилепиќ, а за најдобар текст е наградена Весна Малинова за песната „Нека свети”.
Фото – ohridskitrubaduri.mk