|

Од 15:30 часот, санитарна вода за с. Мусинци и с. Добрушево

Поради настанатиот голем дефект на водоводниот систем, општина Могила заедно со Bimilk и ќе ги опслужат селата во општина Могила со санитарна вода.

„Од 15:30 часот со санитарна вода ќе бидат опслужени с. Мусинци и с. Добрушево.

Цистерните ќе бидат лоцирани пред локалните продавници.

Во текот на денот, доколку има потреба ќе бидат испорачани дополнителни количини на санитарна вода и за останатите села, за кои што дополнително ќе ве информираме.

Во тек е полнење на цистерните со санитарна вода и упатување кон селата во општина Могила.“ – стои во ФБ објавата од Драганчо Саботковски – градоначалник на општина Могила 

Слични Објави