Гордост за Прилеп – Гимназијалец освои медал во конкуренција од 200 натпреварувачи
Голем успех за Прилеп! Благој Рујаноски Стојаноски од СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ освои бронзен медал на Интернационалната олимпијада за вештачка интелигенција што се одржа во Љубљана.
Во конкуренција од 200 натпреварувачи од целиот свет Андреј Ангелов од Скопје и Благој Рујаноски Стојаноски од Прилеп го освоија третото место.
На Интернационалната олимпијада за вештачка интелегенција која се одржа во Љубљана, нашите два натпреварувачи Андреј Ангелов од Математичко информатичката гимназија од Скопје и Благој Рујаноски Стојаноски од гимназијата “Мирче Ацев” од Прилеп освоија бронзен медал..
Натпреварувачите беа под менторство на професорот Емил Станков од ФИНКИ и асистентот на ФИНКИ Димитар Милески. Медалите им ги додели министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон. Честитки за нашите млади мозоци кои во конкуренција од 200 натпреварувачи од целиот свет успеаја да и донесат бронза на Македонија.



