Закажана 4-та седница на Советот на Општина Кривогаштани на 11 декември
Советот на Општина Кривогаштани ќе ја одржи својата 4-та седница во четврток, на 11 декември 2025 година, со почеток од 13:30 часот, во салата за состаноци во општинската зграда.
На дневен ред пред советниците ќе се најдат вкупно десет точки
- Усвојување на записниците од втората и третата седница на Советот,
- Донесување план на програми за развој на комуналните дејности за периодот 2026–2028 година,
- Програма за уредување на градежното земјиште за 2026 година,
- Годишни програми за социјална заштита, култура и еднакви можности за жени и мажи за 2026 година,
- Програма за финансирање на урбанистички планови и проектна документација,
- Програма за располагање со градежно земјиште во сопственост на државата,
- Одлука за дополнување на блок-дотациите за основните училишта „Манчу Матак“ од Кривогаштани и „Јонче Смурески“ од Обршани,
- Квартален извештај за извршувањето на Буџетот за третиот квартал од 2025 година,
- Како и одлука за измена на распоредот на средствата во општинскиот буџет за 2025 година.
Седницата ја свикува претседателот на Советот, Андреј Ацески.



