|

На 9 декември ќе се одржи 4-та седница на Советот на Општина Прилеп

На 9 декември 2025 година (вторник), со почеток во 9:00 часот, во големата сала на Општина Прилеп ќе се одржи 4-та седница на Советот на Општина Прилеп, согласно решението на претседателката на Советот, д-р Билјана Кржеска.



Седницата е јавна и отворена за сите граѓани, а ќе се пренесува во живо преку официјалниот YouTube канал на Општина Прилеп, а секој заинтересиран граѓанин може и лично да присуствува во салата каде ќе се одржува седницата.

На дневен ред се наоѓаат 37 точки, меѓу кои се предлог-одлуки за:

  • измена на распоредот на средствата во Буџетот за 2025 година,
  • давање согласност за користење на името „Прилеп“ при основање здруженија,
  • утврдување на висината на превозот на учениците за учебната 2025/2026 година,
  • измени во програмите за урбана опрема,
  • како и бројни одлуки за распишување јавни повици за избор на членови во управни и надзорни одбори на јавни претпријатија: „Водовод и канализација“, „Пазари“, „Комуналец“, „Енерго-Прилеп“, ЈСП „Прилеп“ и ЈП за ПУП.

Дополнително, ќе се разгледуваат и решенија за именување претставници во управни и надзорни одбори на јавни установи, како и во основните и средните училишта во општината.

Седницата се очекува да биде од особено значење поради бројните кадровски решенија и финансиски одлуки што директно влијаат врз функционирањето на јавните претпријатија и образовните институции во Прилеп.

Слични Објави