ТППЕ Прилеп: Пожарот кај Текето изгаснат со 17 пожарникари
Во 15:47 часот избувна пожар на дивата депонија кај Текето, кој поради ветерот и сувата вегетација за кратко време се прошири кон подрачјето на Марковите Кули, населбата Задград и во правец на манастирот „Св. Архангел Михаил“.
На терен веднаш интервенираше Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Прилеп со пет противпожарни возила и 17 пожарникари.
Благодарение на брзата и координирана интервенција на пожарникарите, пожарот беше ставен под контрола и целосно изгаснат, со што беше спречено негово понатамошно ширење кон околните објекти и шумски површини.



