Битола во боите на македонското знаме во пресрет на Денот на независноста
Во пресрет на 8 Септември – Денот на независноста на Република Северна Македонија, Битола синоќа беше осветлена во боите на македонското знаме.
Во празнично руво беа зградата на Општина Битола, Саат-кулата и Офицерскиот дом, кои беа осветлени во црвено и жолто, создавајќи празнична атмосфера во централното градско подрачје.
Од Општина Битола информираа дека со ова одбележување градот се приклучува кон чествувањето на државниот празник.
Годинава се одбележуваат 35 години од независноста на Македонија, прогласена на 8 септември 1991 година.
Празничното осветлување на препознатливите битолски објекти беше своевидна најава за денешното одбележување на Денот на независноста.


