1200 УЧЕНИЦИ ГО ФОРМИРАА МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ ВО ПРИЛЕП
Во центарот на Прилеп денеска беше формирано македонското знаме од ученици од прилепските основни и средни училишта, во рамки на активностите со кои градот го одбележува 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ.
Настанот, кој се одржува по трет пат откако е возобновена традицијата, опфати над 1200 учесници. Иницијативата има за цел да ја поттикне љубовта кон татковината, чувството на заедништво и почитта кон националните симболи кај најмладите.
Акцијата е дел од програмата со која Општина Прилеп го одбележува државниот празник, а во неа учествуваа ученици, наставници и училишта од целата општина.



