Дедо Мразовци на мотори на Плоштад Магнолија
Улиците на Битола денес беа исполнети со празнична магија, кога моторџии од Мото Клуб Конзули, облечени како Дедо Мразовци, со својот караван ги изненадија и израдуваа граѓаните. Настанот, организиран во рамки на „Зимска приказна“, беше поддржан од американско-македонската компанија Taskforce.
Караванот започна од клубот на МК Конзули, кај Железничката станица, а потоа се прошета низ централните улици на градот. На својот пат, моторџиите направија пауза пред објектите на Taskforce, каде граѓаните имаа можност за фотографирање и дружба. Финалната станица беше Плоштад Магнолија, кај лизгалиштето каде најмладите добија празнични подароци од „Дедо Мразовците“. Со насмевки и радост, оваа уникатна акција внесе посебна топлина во зимскиот ден.
„Зимска приказна“ уште еднаш го покажа духот на заедништво и празничната традиција на Битола. Со овој настан, Битола докажа дека празничниот дух најубаво се доживува заедно. Настанот е дел од програма на „Зимска приказна“ кој ќе продолжи до 06 Јануари да носи радост во градот.