|

Во Германска болница значителен дел од медицинскиот персонал го сочинуваат македонски доктори !

На 17 февруари 2025 година, амбасадорот на Северна Македонија во Германија, Илбер Села, придружуван од првиот секретар на амбасадата, Румена Нестороска, ја посети престижната Рон клиника во Бад Нојштад. Оваа посета претставуваше значаен настан за македонската медицинска заедница во Германија, имајќи предвид дека во клиниката работи високо квалификуван тим од македонски лекари.

Рон клиниката е позната по својот современ медицински пристап и високи стандарди во здравствената нега, со капацитет од околу 800 болнички кревети. Посебна гордост за македонската дијаспора претставува фактот дека значителен дел од медицинскиот персонал го сочинуваат македонски доктори – кардиолози, кардиохирурзи, невролози, психијатри, пулмолози и анестезиолози.

Делегацијата беше топло пречекана од медицинскиот тим предводен од Д-р Горан Трајковски, кардиолог и директор во Центарот за медицинска нега во Бад Нојштад. Во рамките на посетата, македонските лекари изразија желба за натамошна соработка со матичната земја во областа на медицината и размена на искуства.

Амбасадата на Северна Македонија упати голема благодарност до македонските доктори кои со својот професионализам и експертиза ја претставуваат земјата во најдобро светло. Посебни признанија беа упатени до:

Д-р Горан Трајковски – кардиолог и директор во Центарот за медицинска нега во Бад Нојштад

Д-р Емилија Јовановска Трајковска – психијатар и виш лекар во психосоматска клиника

Д-р Томе Ристов – кардиолог и виш лекар на клиниката за кардиологија

Д-р Лепосава Михајлоска – кардиолог и виш лекар на клиниката за кардиологија

Д-р Ирена Кирова – невролог и виш лекар на клиниката за неврологија

Д-р Гордана Трајчова Митреска – виш лекар на клиниката за анестезиологија

Д-р Кирил Долдуров – кардиохирург и виш лекар на клиниката за кардиоваскуларни болести

Д-р Даниел Арсовски – невролог и виш лекар на невролошката клиника

Д-р Горан Ѓоргиев – невролог и специјалист на клиниката за неврологија

Д-р Натали Николоска – асистент доктор на клиниката за неврологија

Д-р Теа Михајлова – асистент доктор

Д-р Христина Рибарска – асистент доктор на клиниката за анестезиологија

Д-р Николина Димкова – асистент доктор во психосоматска клиника

Исто така, беше нагласена важноста на македонските доктори кои, иако не беа присутни на средбата, се дел од раководниот тим на Рон клиниката:

Д-р Атанас Јанкуловски – кардиохирург, виш лекар на Клиниката за кардиоваскуларни болести

Д-р Ѓоко Кучиноски – кардиохирург, специјалист на клиниката за кардиоваскуларни болести

Д-р Татјана Дејкоска – анестезиолог, специјалист на Клиниката за анестезиологија

Д-р Марија Ломан – доктор во психосоматска клиника

Д-р Маја Арсова – доктор во психосоматска клиника

Д-р Анита Дукоска Иваноска – пулмолог, специјалист во торакален центар Минерштат

Д-р Јоана Ристов – пулмолог, специјалист во торакален центар во Мунерштад

Посетата на амбасадорот Села ја потенцираше значајната улога на македонските медицински професионалци во Германија, како и можностите за идно поврзување и соработка во областа на здравството. Оваа иницијатива отвора пат за размена на знаења, искуства и медицински иновации меѓу двете земји.

Слични Објави

  • | |

    „БУРА“ – Претстава

    БУРАВилијам ШекспирРежија и адаптација: Џон БлонделСценографија, костими, светло и плакат: Благој МицевскиМузика: Томе ТемелкоскиДраматург: Лидија Митоска-Ѓорѓиевска Играат:ПРОСПЕРО, вистинскиот војвода од Милано……………………………………………………ИГОР ТРПЧЕСКИМИРАНДА, ќерка му………………………………………………………………………………….АНГЕЛА НАУМОСКААРИЕЛ, дух, ветроштина………………………………………………………………………….ДАНИЕЛА ИВАНОСКАКАЛИБАН, роб на Просперо………………………………………………………………………..НАТАША АЧАНСКИАЛОНЗО, кралот на Неапол; ТРИНКУЛО, шут…………………………………………ДИМИТАР ЃОРЃИЕВСКИАНТОНИО, брат на Просперо; СТЕФАНО, служител………………………………..АЛЕКСАНДАР ТОДЕСКИФЕРДИНАНД, син на Aлонзо; ГОНЗАЛО, советник………………………………..МИХАЈЛО МИЛЕНКОСКИСЕБАСТИЈАН, брат на Алонзо…………………………………………..КАТЕРИНА ЧАКМАКОСКА-КЛИНЧЕСКАЈУНОНА, дух…

  • |

    МЕМЕНТО ЗА ПЛАТНАР – РОДЕН НА ДЕНЕШЕН ДЕН

    На 5 март 1949 година во Прилеп, роден е македонскиот поет, писател, драматург и колумнист Благоја Ристески Платнар. Платнар остава траен белег во македонското книжевно творештво, особено заради истражувањето во сферата на богатството на македонскиот јазик и ставањето на архизмите во современ контекст. Препознатлив е по стихуваната форма на неговите драмски текстови. Негови драмски текстови…

  • |

    СИТЕ СТАНАРИ ЕВАКУИРАНИ – 30 ВОЗРАСНИ ЛИЦА НА БЕЗБЕДНО

    Триесет повозрасни лица, од кои петмина биле неподвижни, се безбедно извлечени по пожарот во Домот за стари лица во селото Чемерско (Општина Кавадарци), соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од Регионалниот ЦУК во Велес соопштија дека има пожар во домот каде на терен интервенираат 10 пожарникари со 3 противпожарни возила. Исто така, на терен…

  • ПОЧНУВА УПИСОТ НА УЧЕНИЦИ ВО СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА

    Од 14 до 17 јуни на полноќ ќе се одвива првото електронско пријавување на учениците за запишување во прва година во јавните средни училишта во државата за учебната 2025/2026 година. Пријавувањето се врши преку електронско аплицирање, со користење на платформата за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk. Учениците треба да се најават…

  • | | |

    Традиции за „Тримир“ во Прилеп

    Утре е „Тримир“. Трет ден по „Прочка“ и трет ден од почетокот на големите, велигденски пости, „женски“ празник. Посветен на мајките, ќерките, на новите поколенија. Во Прилеп преживеал обичај кој носи име – Тримир, и го „прославуваат“ жените. Овој адет се пренесува со генерации. Имено, домаќинка на Тримирот е мајката на „младата невеста“ и таа…

  • Продолжен рокот за легализација до 2031 година

    Со 67 гласа „за“, пет „против“ и без воздржани, Собранието на Република Северна Македонија на својата 85. седница, по скратена постапка, ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти, со кои рокот за завршување на постапките за легализација се продолжува за дополнителни пет години. Според досегашното законско решение, крајниот рок за решавање…