СЕ ПОВЛЕКУВА И КРАЛОТ НА ЗЕМЈАТА- ВТОРИОТ ТИТАН ОД ГОЛЕМАТА ТРОЈКА
Рафаел Надал (38), 22 Грен Слем титули, 36 Мастерс 1000 и две олимписки злата ( 2008 во Пекинг во поединечна конкуренција и 2016 во Рио во двојки), ќе ја заврши професионалната тениска кариера на крајот 2024 година.
Во видеото што го објави, во кое го најавува повлекувањето од професионалниот тенис, вели дека, последните две години биле исклучително тешки и во ниеден момент не чувствувал дека може да игра без ограничувања. Одлукате била многу тешка и требало доста време да се донесе. Но во животот се има почеток и крај. На крај, чувството дека сега е време да се заврши долгата и многу успешна кариера, било пресудно.
Во емотивното видео додава дека последен меч ќе му биде настапот за Шпанската репрезентација во Дејвис Купот.