ЛИНА И ФИЛИП ЌЕ ЉУБАТ СО СТИХОВИ ПО 5 ПАТ
Лао Це ќе рече дека да бидеш сакан од некого е тоа што ти дава сила, а да сакаш некого ти дава храброст.
Ние пак, Лина и Филип, ќе ве охрабриме да дојдете на нашето петто поетско љубење со стихови, за заеднички да ги славиме љубовта и зборот!
Преку стиховите што ги пишуваме ние, низ стиховите на прилепски и македонски автори, се до светските пера ќе ве прошетаме низ сокаците на љубовта со цел барем за миг да ја донесеме магијата на трепетливоста во вашите срца.
петок, 14 февруари, 19.30 часот
кафе-галерија Лувр-Прилеп
Пожелно е да направите резервација.
Ве очекуваме!