| |

(видео) Започна новата учебна година – Првачињата пречекани со приредба

Со свечена атмосфера и многу возбуда кај најмалите, денес во Основното училиште „Кочо Рацин“ започна новата учебна година. На првиот училишен ден, училиштето го посети и градоначалникот Борче Јовчески, кој упати порака до учениците, наставниците и родителите.



„Ова за децата ќе биде нивниот нов дом. Верувам дека просветните работници максимално ќе се вложат за да им го пренесат знаењето, а родителите треба да имаат доверба во нивната посветеност,“ истакна градоначалникот.

Тој нагласи дека оваа година, за прв пат, сите ученици од прво до трето одделение ќе имаат бесплатен оброк, а околу шест илјади ученици ќе добијат комплетни униформи, со што се намалуваат трошоците за семејствата.

„Нашата цел е учениците да растат со вистински вредности, со културно и образовно надградување, а училиштата да обезбедуваат европски стандарди во наставата,“ додаде тој.

Особено внимание е посветено на образовните асистенти – сите потреби во основните училишта се покриени, а за прв пат асистенти се ангажирани и во средните училишта.

Оваа година се забележува и зголемен број на новозапишани првачиња – над 650, што според градоначалникот е знак за живост и развој на заедницата.

Добредојде на првачињата и среќа во новата учебна година на сите ученици им посака и директорката Јулијана Тренкоска

Слични Објави