ДИГИТАЛИЗАЦИЈА ЗА ПОМАЛКУ БИРОКРАТИЈА – Од овој месец печатени електронски документи ќе важат како од шалтер со печат
Со цел олеснување на административните процедури и намалување на бирократските процеси, од овој месец стапува во сила новата регулатива што им дава еднаква правна важност на печатените електронски документи како и на оние добиени од шалтер со официјален печат.
Од овај месец секој електронски документ од Националниот Портал и другите државни институции можете да го употребувате и испечатен. Печатените електронски документи ќе имаат иста важност како оригиналниот документ. Ова е овозможено со измените на Законот за електронски документи што ги изгласа Собранието.
Со измените на Законот за електронски документи се предвидува дека електронските документи издадени од јавни органи, печатени на хартија нема да подлежат на процесот на верификација, туку ќе имаат иста правна и доказна сила како и оригиналниот документ со традиционален печат. Нивната валидност ќе може да се потврди со скенирање на QR-кодот на документот, кој води до оригиналот на документот.
Вака се олеснува употребата на електронските документи во административните процедури и се стимулира поголема искористенот на Националниот портал за електронски услуги.
Намален товар врз администрацијата и полесна достапност и ефикасност во обезбедување на административните услуги.
За сите неправилности се предвидува воведување на инспекцискиот надзор (ИКТ инспекција) над примената на законот. Со тоа се обезбедува јасни правила за контролирање на исполнувањето на стандардите и барањата од Законот.
Андоновски најави дека ќе има инспекциски надзор, кој што по пријава од граѓани ќе реагира, доколку некоја институција не им ги прифати нивните испечатени електронски документи.
Со измени на законот, овој испринтан електронски документ ќе има иста важност како да е со обичен син печат, така што ќе може целосно да се користи насекаде, напиша министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.