|

„Со душа за Крушево“ – Деца од различни земји ќе пеат во срцето на Крушево

Во сабота, на 21 јуни 2025 година, со почеток во 20:00 часот, Градскиот Парк во Крушево ќе биде местото каде ќе се одржи атрактивен и несекојдневен концерт под наслов „Со душа за Крушево“.

На настанот ќе настапи детскиот хор на француското Интернационално Училиште Ефис од Скопје, составен од деца од различни држави од светот. Хорот ќе изведе репертоар на француски, англиски и македонски јазик, а музички ќе ги придружува пијанистот и филхармоничар Виктор Илиески, кој е и уметнички раководител на проектот.

Децата од хорот кои доаѓаат од најразлични држави од Светот ќе пеат на 3 јазици, преку песните испраќаат пораки за мир во светот, заедништво, меѓусебно разбирање љубов и почитување.

На концертот ќе се придружи и победничката за 2025 година на француски шансони во Македонија – Нина Лазаревска.

На концертот ќе настапи и младиот хорнист Кирил Митрески, делото е изненадување за публиката.

Концертот е поддржан од Општина Крушево, помогнат од ТТК Банка, а се организира од Виктор Илиески заедно со здружението на граѓани “Крушевски манифест”.

Со вакви културни настани, Крушево продолжува да се позиционира како град на културата, музиката и младинската креативност, отворајќи простор за нови иницијативи и уметнички проекти што го поврзуваат локалното со глобалното.

Слични Објави