(видео) НАПАДНАТА ЕКИПАТА НА ИНФОМАКС – ПРЕКИНАТА ЕМИСИЈАТА „ТЕШКИ МУАБЕТИ“
Синоќа во студиото на Инфомакс се случил тежок инцидент, кога агресивно лице насилно влегло во просториите каде што се снима емисијата „Тешки муабети“. Напаѓачот, кршејќи три врати, успеал да влезе директно во студиото и да ја прекине емисијата во живо.
Еден од водителите, Милош Андоновски, заедно со уште еден член од техничката екипа, успеале да го истуркаат напаѓачот надвор од студиото и веднаш повикале полиција. Интервентните служби брзо пристигнале на лице место, по што агресивното лице е приведено.
Ова е опасен удар врз слободата на говорот. а уредникот на Ифомакс, Александар Митовски потенцира дека лицето нападот го извршило поради критичкиот став на медиумот кон власта.
Истрагата за случајот е во тек.


